| четврток, 6 декември 2018 |

Поетска средба со Мирјана Стојановска во ДПМ

 Љубителите на литературата денеска (петок, 2 октомври) во Друштвото на писателите на Македонија ќе имаат можност да присуствуваат на пладневната средба со поезијата на Мирјана Стојановска. За најновите поетски книги на Мирјана Стојановска, „Џез во двокреветна соба“ и „Крст, триаголник и круг“, ќе зборуваат Весна Мојсова Чепишевска и Елена Пренџова, а стихови ќе чита Александра Велинова.

Мирјана Стојановска и припаѓа на средната генерација македонски поетеси и е автор на стихозбирките: „Хроносот на зборот“, „Двобој со тишината“, „Заѕидана врата“, „Крст, триаглник и круг“ , „Џез во двокреветна соба“ и „Оксиморонот на мојата пеперутка“. Објавува книжевна критика во литературните списанија: „Стожер“, „Синтези“ и „Раст“. Нејзина поезија е препеана на српски, англиски и романски јазик. Застапена е во изборот  „Современа македонска поезија“ во рамките на  проектот „Македонска книжевност во 135 тома“.  Координатор е на Клубот на писателките „Даница Ручигај“ при ДПМ и  претседател на Здружението за наука и култура „НОВА“ од Битола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top