Љубителите на литературата денеска (петок, 2 октомври) во Друштвото на писателите на Македонија ќе имаат можност да присуствуваат на пладневната средба со поезијата на Мирјана Стојановска. За најновите поетски книги на Мирјана Стојановска, „Џез во двокреветна соба“ и „Крст, триаголник и круг“, ќе зборуваат Весна Мојсова Чепишевска и Елена Пренџова, а стихови ќе чита Александра Велинова.
Мирјана Стојановска и припаѓа на средната генерација македонски поетеси и е автор на стихозбирките: „Хроносот на зборот“, „Двобој со тишината“, „Заѕидана врата“, „Крст, триаглник и круг“ , „Џез во двокреветна соба“ и „Оксиморонот на мојата пеперутка“. Објавува книжевна критика во литературните списанија: „Стожер“, „Синтези“ и „Раст“. Нејзина поезија е препеана на српски, англиски и романски јазик. Застапена е во изборот „Современа македонска поезија“ во рамките на проектот „Македонска книжевност во 135 тома“. Координатор е на Клубот на писателките „Даница Ручигај“ при ДПМ и претседател на Здружението за наука и култура „НОВА“ од Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија