| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Скопски писатели“ од м-р Сузана Данаилова

На 3 октомври (сабота) 2015 година во 19 часот, во ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, како програмска содржина во рамките на Бели ноќи,  ќе се одржи промоција на книгата „Скопски писатели“ – библиографија на монографски публикации од м-р Сузана Данаилова.

Овој библиографски труд на Сузана Даналиова спаѓа во редот на роднокрајни селективни библиографии, бидејќи го опфаќа творештвото на писатели родени во Скопје до седумдесетите години. Обработени се монографски публикации од 73 писатели. Библиографијата опфаќа  обработена граѓа истражувана во библиотеките   во Македонија .

Во библиографијата се застапени цела плејада на врвни скопски писатели, меѓу кои и доајените на македонската литература, роднокрајните писатели, Гане Тодоровски, Славко Јаневски, Димитар Солев, Томе Саздов, Борис Вишински и други.

За библиографијава ќе зборува г-ѓа Јулија Темелкова – виш библиотекар, а во продолжение на програмата ќе настапат писатели застапени во оваа библиографија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top