Селекторот на Франција, Дидие Дешамп го враќа во репрезентацијата по пет години пауза, дефанзивниот играч за врска Ласана Диара за пријателските натпревари против Ерменија и Данска што се играат следната недела.
30-годишниот Диара кој во својата кариера досега ги бранеше боите на Авр, Челси, Арсенал, Портсмут, Реал Мадрид, Анжи и Локомотив од Москва ова лето се врати во татковината и настапува за Олимпик Марсеј. Иако на Марсеј не му оди во посакуваната насока почетокот на сезоната, Диара со своите игри го сврти вниманието на селекторот Дешамп.
Досега овој црномурест фудбалер има 28 настапи за „Галските петли“, а играше и на ЕП 2008 година во Швајцарија и Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Саем за студии во Франција
-
Невреме го зафати јужниот дел на Франција, најмалку шест жртви (Видео)
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Шок во Франција: Министерот за животна средина си даде оставка во емисија во живо