Македонската фудбалска репрезентација забележа огромен пад од 28 позиции, и сега е на 132. место на најновата ранг-листа на ФИФА. Македонските фудбалери минатиот месец претрпеа два пораза, од Шпанија и од Луксембург, што ги чинеше ново назадување во статистиката на ФИФА.
Падот од 28 скалила е најголем во ова рангирање, заедно со Кипар. Пред нашата репрезентација сега се наоѓаат Северна Кореја, Палестина и Кенија, а на избраниците на Љубинко Друловиќ во врат им дишат Молдавија и Филипините.
Аргентина остана на врвот како најдобро рангирана светска репрезентација, а сега второпласирана е Германија, репрезентација која ја прескокна Белгија. „Црвените ѓаволи“ сега се треторангирани, а зад нив место меѓу десетте најдобри репрезентации има и за Португалија, Колумбија, Шпанија, Бразил, Велс, Чиле и Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.