Друштвото на писателите на Македонија денеска, 1 октомври, со почеток во 12 часот, ќе одбележи два јубилеја на истакнатата македонска поетеса Гордана Михаилова – Бошнакоска.
Станува збор за 75 години од раѓањето и 50 години од објавувањето на првата поетска книга на Гордана Михаилова – Бошнакоска, „Времето го нема“.
По тој повод ќе биде промовирано и најновото поетско дело на Бошнакоска, стихозбирката „Слики“, што неодамна се појави во издание на „Матица македонска“.
На средбата во ДПМ за поетското творештво на Гордана Михаилова – Бошнакоска ќе зборуваат академик Влада Урошевиќ, Лидија Капушевска – Дракулевска и Владимир Мартиновски.
Стихови ќе чита артистот Томе Витанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија