| четврток, 6 декември 2018 |

Поетска средба со Гордана Михаилова – Бошнакоска во ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија денеска, 1 октомври, со почеток во 12 часот, ќе одбележи два јубилеја на истакнатата македонска поетеса Гордана Михаилова – Бошнакоска.

Станува збор за 75 години од раѓањето и 50 години од објавувањето на првата поетска книга на Гордана Михаилова – Бошнакоска, „Времето го нема“.

По тој повод ќе биде промовирано и најновото поетско дело на Бошнакоска, стихозбирката „Слики“, што неодамна се појави во издание на „Матица македонска“.

На средбата во ДПМ за поетското творештво на Гордана Михаилова – Бошнакоска ќе зборуваат академик Влада Урошевиќ, Лидија Капушевска – Дракулевска и Владимир Мартиновски.

Стихови ќе чита артистот Томе Витанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top