Памела Андерсон се поретко се согласува да позира на професионални фотосесии, но кога гигант како „FHM“ ќе те покани да бидеш на нивната насловна, а фотосесијата се совпаѓа со 25 годишнината од почетокот на твојата кариера, не ти останува ништо друго освен да го прифатиш предлогот.
Тоа го направи и поранешната спасителка на плажа, на радост на машката, а и женската популација, без облека и ефектно покривајќи го своето жешко тело со чаршав, таа вешто позира пред објективите на фотографите, емитувајќи волшебна мешавина од секс, класа и елегатност.
Со оваа своја фотосесија 48 годишната Андерсон стана најстарата жена која некогаш била на насловната на популарното машко списание.
Предизвикувачка фотосесија е дополнета и со интервју во кое Пем открива сочни детали од животот на сексимболот и со задоволство се сеќава на легендарните забави на имотот на Плејбој.
-Беа многу секси времиња. Диви, но и исполнети со почит. Мажите беа толку елегантни, а ти толку многу сакаш да го привлечеш вниманието токму на најхаризматичниот маж. Девојките пак имаше насекаде, убави и насмеани, се сеќава Андерсон.
-Сексот беше неверојатен. Луѓето често ме молат да откријам детали, но јас не сум тип кој споделува такви работи. Ќе кажам само дека никогаш не сум била со некого во кого не сум била лудо вљубена .. . Но, јас се заљубувам прилично лесно, вели русокосата убавица за младоста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најпознатата секс бомба на сите времиња пристигна во Русија- од трибините ќе го бодри своето момче
-
Во Данска се обрнува големо внимание на продукцијата на детски филмови, а децата се најбројната публика на „Браќа Манаки“
-
Бремена во 50-тата година: Памела Андерсон го покажа заоблениот стомак
-
Поранешна ѕвезда на Манчестер јунајтед му скрши нос на соиграч (видео)