Гостин на фестивалот „Браќа Манаки“ е и Јеспер Андерсон, претставник од Институтот за филм во Данска, како една од земјите во фокус во годинешната програма.
Во разговорот со уметничкиот директор на фестивалот, Гена Теодосиевска, Андерсон ги објасни предизвиците со кои се соочуваат филмаџиите од Данска.
Тој рече дека повеќе дански режисери одбираат да работат во странство, посебно во Британија, поради поголемите буџети за снимање кои се нудат, но своите најдобри и најпознати филмови и покрај тоа ги прават токму во родната Данска.
Она што е интересно во Данска, е што се обрнува големо внимание на продукцијата на детски филмови. 25 отсто од сите фондови за филмска продукција одат токму на филмовите за деца, но и покрај тоа Јаспер Андерсон смета дека во 70-те и 80-те години, Данска имала многу посилна продукција на детски филмови.
За тинејџерите како специфична категорија пак, имаат посебен метод за филмска едукација.
-Тинејџерите се тешка возрасна група. Тие не сакаат да гледаат ниту филмови за деца, ниту филмови за млади. Најлесно им пристапуваме така што оставаме на нив да си ја креираат програмата која што сакаат да ја гледаат во кинотеките, без да им се мешаме и без никаква наша интервенција. Па така, таа група на млади која ја склопува програмата, потоа си кани свои пријатели и врсници и имаме каква-таква публика од таа возраст во кината – објаснува Андерсон.
Што се однесува пак до најчестите партнери на Данска за филмска копродукција, на прво место се останатите скандинавски држави, но во последно време има соработки и со балканските земји, како Бугарија и Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ-најдобар на фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа
-
Во оваа држава, во просек, сeкoj има барем по 21 000 евра на сметка
-
Подарок за полицајците: Дилер влегол во полициско возило мислејќи дека е такси
-
Мигранти нападнаа министерка, една жена прегазена со автомобил! (видео)