Бразилскиот фудбалер Андерсон пред неколку години беше меѓу најнадежните фудбалери на Манчестер Јунајтед, но не успеа да го развие својот талент, па заврши во бразилскиот клуб Интернационал. Сепак, сега се соочува со суспензија во актуелниот тим, поради инцидентот во кој му го скрши носот на соиграчот Вилијам.
Андерсон го удри Вилијам со раката во носот, а соиграчите спречија инцидентот да прерасне во поголема тепачка.
Претпоставките се дека клубот ќе го раскине договорот со 28-годишниот фудбалер.
Андерсон за нешто повеќе од 30 милиони евра во 2007 година од Порто премина во редовите на Манчестер Јунајтед. Иако се очекуваше дека тој ќе биде уште едно големо откритие на Фергусон, Бразилецот до 2015 година настапи на само 105 меча, постигнувајќи само 5 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)