| четврток, 6 декември 2018 |

Памела Андерсон неверојатно секси и на 48 години

00043961

Памела Андерсон се поретко се согласува да позира на професионални фотосесии, но кога гигант како „FHM“ ќе те покани да бидеш на нивната насловна, а фотосесијата се совпаѓа со 25 годишнината од почетокот на твојата кариера, не ти останува ништо друго освен да го прифатиш предлогот.
Тоа го направи и поранешната спасителка на плажа, на радост на машката, а и женската популација, без облека и ефектно покривајќи го своето жешко тело со чаршав, таа вешто позира пред објективите на фотографите, емитувајќи волшебна мешавина од секс, класа и елегатност.
2CE5AD9100000578-3254287-image-a-45_1443572932599

Со оваа своја фотосесија 48 годишната Андерсон стана најстарата жена која некогаш била на насловната на популарното машко списание.
Предизвикувачка фотосесија е дополнета и со интервју во кое Пем открива сочни детали од животот на сексимболот и со задоволство се сеќава на легендарните забави на имотот на Плејбој.

-Беа многу секси времиња. Диви, но и исполнети со почит. Мажите беа толку елегантни, а ти толку многу сакаш да го привлечеш вниманието токму на најхаризматичниот маж. Девојките пак имаше насекаде, убави и насмеани, се сеќава Андерсон.
-Сексот беше неверојатен. Луѓето често ме молат да откријам детали, но јас не сум тип кој споделува такви работи. Ќе кажам само дека никогаш не сум била со некого во кого не сум била лудо вљубена .. . Но, јас се заљубувам прилично лесно, вели русокосата убавица за младоста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top