Балетската претстава „Шехерезада“, работена на музика од рускиот композитор Николај Римски Корсаков, по кореографија на Михаил Крапивин (Русија), ќе биде изведена на сцената на МОБ во среда, (30-ти септември), со почеток во 20 часот…
Во насловната улога ќе настапи Ивана Коцевска, во останатите главни улоги: Дојчин Дочев (Бугарија), Драган Кочоски и Киро Павлов. Настапува комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.
Диригент е Ѓорѓе Павловиќ од Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.