Кошаркарската федерација на Шпанија подржана од спортскиот совет на оваа земја, ги реализира најавите за тужба против францускиот весник „Ле Монд“. По обвинувањата од француските медиуми кои ја преземаа веста од „Ле Монд“ дека шпанските кошаркари го одиграле цело Европско првенство како да биле под допинг. Обвинувањата беа изнесени во блогот на Клемен Гуло, а особен акцент беше ставен на настапот на Пау Гасол, за кого се тврдело дека „сигурно е под некоја дрога“.
Иако Французите кои во полуфиналето играа против Шпанија на Евробаскетот сакаа на тој начин да најдат алиби за поразот и разочарувањето кај целата нација за пропуштената шанса, одбрана на европската титула на свој терен.
„Црвената фурија“ сепак реши да го тужи угледниот весник и да побара отштета од еден милион евра.
– Ова е систематска стратегија на Ле Монд за уривање на имиџот на нашиот спорт. Сакаме да ја заштитиме репутацијата на нашите спортисти, на нашата кошаркарска репрезентација. Честа на Пау Гасол чини еден милион евра, а парите што ќе ги добиеме како отштета ќе бидат донирани во хуманитарцни цели – порачаа од Шпанската Кошаркарска Федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Девојката турната од мост ја тужи нејзината другарка