| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал среде Рим: Директор на угледна фирма се бањал гол со колешките во фонтана (видео)

Директорот на угледна британска фирма која се занимава со екологија и еколошки прифатлива архитектура и уште пет британски државјани се пријавени за блудно однесување во Рим, поради тоа што се снимени како  се бањаат голи во една од фонтаните на италијанската престолнина.

goli-se-kupali-u-fontani-u-rimu-foto-printscreen-1443513133-750799

Снимката покажува  како колегите од оваа фирма вклучувајќи и две жени, се бањаат голи во фонтаната Најада. Сведокот на оваа сцена ја опишал како „забавна“ и додал дека изгледало како „оргија од стариот Рим“. Поради инцидентот, туристите ќе мора да се појават на суд, како и поради обвинувањата за блудно однесување на јавно место, прекршок за кој во Италија може да се добие и до три години затвор.

Туристите пред тоа пиеле за да ја одбележат последната вечер во Рим, па малку се занеле, вклучувајќи го и самиот директор на фирмата. Како што се наведува, кога излегле на улица по забавата, се соблекле голи и влетале во фонтаната.

„Мажите вртеа со гениталиите, а жените трчаа во топлес. Една беше згодна, млада и русокоса“, сликовито раскажал еден од сведоците на ноќното бањање.

„Беа внатре половина час, пееја и врескаа. На почетокот, никој не ги забележуваше, но  набрзо се собраа голем број луѓе што ги снимаа. Тогаш дојде полицијата и ги уапси“, кажал друг сведок.

На оваа група туристи им беа пишани казни од 169 евра и беа однесени во полициска станица. Од компанијата не сакале да го коментираат однесувањето на своите вработени.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top