Директорот на угледна британска фирма која се занимава со екологија и еколошки прифатлива архитектура и уште пет британски државјани се пријавени за блудно однесување во Рим, поради тоа што се снимени како се бањаат голи во една од фонтаните на италијанската престолнина.
Снимката покажува како колегите од оваа фирма вклучувајќи и две жени, се бањаат голи во фонтаната Најада. Сведокот на оваа сцена ја опишал како „забавна“ и додал дека изгледало како „оргија од стариот Рим“. Поради инцидентот, туристите ќе мора да се појават на суд, како и поради обвинувањата за блудно однесување на јавно место, прекршок за кој во Италија може да се добие и до три години затвор.
Туристите пред тоа пиеле за да ја одбележат последната вечер во Рим, па малку се занеле, вклучувајќи го и самиот директор на фирмата. Како што се наведува, кога излегле на улица по забавата, се соблекле голи и влетале во фонтаната.
„Мажите вртеа со гениталиите, а жените трчаа во топлес. Една беше згодна, млада и русокоса“, сликовито раскажал еден од сведоците на ноќното бањање.
„Беа внатре половина час, пееја и врескаа. На почетокот, никој не ги забележуваше, но набрзо се собраа голем број луѓе што ги снимаа. Тогаш дојде полицијата и ги уапси“, кажал друг сведок.
На оваа група туристи им беа пишани казни од 169 евра и беа однесени во полициска станица. Од компанијата не сакале да го коментираат однесувањето на своите вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)