| четврток, 6 декември 2018 |

Тозовац на 80 години за првпат ќе го каже судбоносното „да“

тозовац

Легендраниот српски фолк-пејач Предраг Тозовац, кој е на прагот на деветта деценија, во ноември ќе се ожени за  својата 20 години помлада избраничка Емилија Јаниќ со која живее во вонбрачна заедница веќе 30 години, пренесува српски „Стори“.

Легендата на народната музика на 80-годишна возраст за првпат ќе застане пред матичар.

– Решив да се оженам за брзо време, а веќе до крајот на годината веќе ќе бидам зафатен човек. Иако ќе ми биде полесно бидејќи сега сум во овие години, па веќе и немам сили за две жени – изјавил Тозовац, додавајќи дека мора „некако да се скраси“.

Фолкерот, кој наскоро за првпат ќе го каже судбоносното „да“, признал дека му се допаѓа тоа што е слободен човек, но и дека многу се вљубил во својата избраничка Емилија (60).

– Ма и да не сум решен да го ставам тој венчален прстен на рака, јас со неа сум венчан со љубов . Не можам да гледам ниту во една друга освен во мојата Мима – признал пејачот.

Тој додал дека ергенскиот живот отсекогаш му бил убав и дека му било тешко да се одрече од него.

– Несериозен сум, но ќе се поправам. Тоа го заслужува мојата сакана. Емилија е многу добра душа, драга личност и многу толерантна. Таа е супер што ме трпи мене и успева да излезе со мене на крај – раскажува Предраг додавајќи дека нема да има голема свадбена веселба, туку дека ќе се заколне на вечна љубов пред мал круг на пријатели и роднини.

Пејачот, кој има два вонбрачни сина, во едно интервју признал дека во својата избраничка се вљубил на прв поглед. Во белградската чаршија за него кружат приказни дека љубел многу убавици, меѓу кои и поранешната Мис на Југославија, водителка, пејачка и имитаторка, 65-годишната Билјана Ристиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top