Предраг Живковиќ Тозовац (79) и неговата 20 години помлада партнерка Емилија (Мима) решиле конечно пред матичар да ја крунисаат нивната љубов која трае 35 години.
Тоа ќе го сторат на 22 јануари, најавил Тозовац.
-Ќе се венчаме во кругот на најблиските пријатели, на дискретен начин. Не сакам да правам циркус од својот живот на овие години – појаснил Тозовац, кој на неговата венчавка ќе наполни точно 80 години.
Тозовац во помладите години го сметаа за голем љубовник, а како што кажал во неколку наврати само Мими успеала да му го грабне срцето. За неа ја напишал и песната „Мима“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.