Фронтменот на „Рибља Чорба“, Бора на есен ќе се ожени по трет пат, но не сака да открие која е идната невеста.
-Два пати се женев и се разведував, ќе се оженам и трет пат. На сите им кажувам ништо да не ме прашуваат за идниот брак до есен. Ѝ ветив дека ништо нема да кажам, така да засега тоа е тајна. Повеќе вести за мојот приватен живот очекувајте во септември, октомври, вели пејачот за Стори.
За потсетување, првата сопруга на Бора, Драгана со која ја има ќерката Тамара и синот Борис почина по разводот во 2007 како последица од мешање на алкохол со лекови. Музичарот повторно се ожени со 28 години помладата Александра со која се разведе минатата година.
Набрзо потоа се заљуби во Дубравка од Словенија со која се раздели во февруари, а за новата девојка не сака да каже ниту збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.