| четврток, 6 декември 2018 |

„Женидба“ премиерно во Театар Комедија

zenidba plakatЉубовта, потрагата по неа, бракот и сè што тој носи со себе се основните карактеристики на драмата „Женидба“ од Гогољ, најновата претстава на Театар Комедија, која во режија на Дејан Пројковски вечерва премиерно ќе биде изведена на сцената на Драмски театар.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Зорица Стојановска, Нина Деан, Кристина Ласовска, Едмонд Сотир, Роберт Ристов, Игор Георгиев, Теоман Макуст и Анкица Бенинова.

Актерката Нина Деан, која го толкува ликот на Агафија Тихоновна, вели дека да се работи толку големо дело е предизвик, но и голем притисок, со оглед на тоа што текстот на Гогољ им е познат на сите.

„Република“ објави краток разговор со режисерот Пројковски за создавањето на новата театарска претстава, трета претстава на Театар Комедија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top