Балетската претстава „Шехерезада“, работена на музика од рускиот композитор Николај Римски Корсаков, по кореографија на Михаил Крапивин (Русија), ќе биде изведена на сцената на Македонската опера и балет во среда, 30.09.2015 година, со почеток во 20 часот.
Во насловната улога ќе настапи Ивана Коцевска, во останатите главни улоги: Дојчин Дочев (Бугарија), Драган Кочоски и Киро Павлов. Настапува комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Ѓорѓе Павловиќ од Белград.
Во петок, 02.10 2015 година балетската претстава „Шехерезада“ ќе биде прикажана во Битола, на отворањето на меѓународниот фестивал, „Интерфест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.