| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Македонскиот филм да го гледаме како културен продукт

Со свет­ска­та и со ма­ке­дон­ска­та пре­ми­е­ра на фил­мот „Ла­зар“ на ма­ке­дон­ски­от ре­жи­сер Све­то­зар Ри­стов­ски, се отво­ра 36. из­да­ние на Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от фе­сти­вал на филм­ска ка­ме­ра „Бра­ќа Ма­на­ки“ во Би­то­ла, кој ќе трае до 27 сеп­тем­ври. Ова е трет филм на Ри­стов­ски, кој по ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от ус­пех со пр­ве­не­цот „Илу­зи­ја“ во Ка­на­да го сни­ми и фил­мот „Драг гос­по­ди­не Геј­си“. Ри­стов­ски ед­на де­це­ни­ја жи­вее во Ка­на­да, а ќе би­де при­су­тен на пре­ми­е­ра­та во Би­то­ла, со по­го­ле­ми­от дел од еки­па­та

Ток­му на „Ма­на­ки скрипт кор­нер“ фил­мот „Ла­зар“ ја поч­нал сво­ја­та при­каз­на. Среќ­ни сте што ма­ке­дон­ска­та и свет­ска­та пре­ми­е­ра ќе би­дат ток­му на „Ма­на­ки“?
РИ­СТОВ­СКИ: Да, се­ка­ко де­ка сум сре­ќен. Во раз­вој­ни­от пер­и­од на овој про­ект фил­мот бе­ше во се­лек­ци­ја на фе­сти­ва­ли­те во Со­лун, Со­фи­ја, Трст и „Бра­ќа Ма­на­ки”, ка­де што до­бив­ме на­гра­да за сце­на­рио, и се­га го за­тво­ра­ме кру­гот со пре­ми­е­ра на фе­сти­ва­лот „Бра­ќа Ма­на­ки”. Фе­сти­вал­ска­та по­ли­ти­ка е се­ко­гаш не­пред­вид­ли­ва. „Ла­зар”, до­би по­ка­на од по­ве­ќе фе­сти­ва­ли, и тре­ба­ше свет­ска­та пре­ми­е­ра да ја има­ме на фе­сти­ва­лот во Мон­тре­ал и вед­наш пос­ле тоа да дој­де­ме во Би­то­ла со ма­ке­дон­ска пре­ми­е­ра. Но, во ме­ѓу­вре­ме до­бив­ме мно­гу по­а­тра­ктив­на по­ка­на за нат­пре­вар на фе­сти­вал од А–ка­те­го­ри­ја, кој за жал до 22 сеп­тем­ври не сме­е­ме да го об­ја­ву­ва­ме, и се пов­ле­ков­ме од Мон­тре­ал за­ра­ди екск­лу­зи­ви­те­тот за ме­ѓу­на­род­на пре­ми­е­ра. За сре­ќа на ма­ке­дон­ски­те љу­би­те­ли на фил­мот и на фе­сти­ва­лот „Бра­ќа Ма­на­ки”, и на мое го­ле­мо за­до­волс­тво, ди­ре­кто­рот на овој фе­сти­вал има­ше раз­би­ра­ње и нак­ло­ност и при­фа­ти „Ла­зар”да има ма­ке­дон­ска од­нос­но свет­ска пре­ми­е­ра во Би­то­ла.

 

LAZAR-Svetozar-Ristovski-int159-4

 

При­каз­на­та во фил­мот е за Ла­зар и То­ни, чи­ја те­шка еко­ном­ска со­стој­ба ќе ги втур­не во не­ле­гал­ни­от свет на швер­цу­ва­ње еми­гран­ти. Да­ли фил­мот е реф­ле­кси­ја на оп­штес­тво­то во кое жи­ве­е­ме?

РИ­СТОВ­СКИ: Да. „Ла­зар“ е инс­пи­ри­ран од на­ста­ни и лу­ѓе кои лич­но ги поз­на­вам и кои од еко­ном­ски­от без­из­лез во дол­ги­от тран­зи­ци­ски пер­и­од на на­ша­та др­жа­ва оста­ве­на на мар­ги­ни­те на ЕУ, се впу­шта­ат во швер­цу­ва­ње еми­гран­ти. Ова е све­тот на при­каз­на­та на „Ла­зар”, ина­ку са­ма­та при­каз­на е мно­гу по­ве­ќе – љу­бов­на дра­ма за еден без­чув­стви­те­лен млад чо­век, кој отко­га ќе се за­љу­би, за­поч­ну­ва да се сог­ле­ду­ва се­бе­си, за­поч­ну­ва емо­ци­о­нал­но да се осве­сту­ва и ја откри­ва ху­ма­но­ста во се­бе.

 

Ка­ква фе­сти­вал­ска ид­ни­на му пред­ви­ду­ва­те на „Ла­зар“?

РИ­СТОВ­СКИ: Се на­де­вам де­ка „Ла­зар“ ќе би­де при­ка­жан на по­ве­ќе фе­сти­ва­ли. Ве­ќе има­ме по­ка­ни од фе­сти­ва­ли во Фран­ци­ја, Лу­ксем­бург, Есто­ни­ја, по­тоа нај­ве­ро­јат­но ќе сле­ду­ва­ат фе­сти­ва­ли во Се­вер­на Аме­ри­ка, Јуж­на Аме­ри­ка, Ази­ја и та­ка на­та­му. Па­ра­лел­но со ова, ние пла­ни­ра­ме скоп­ска пре­ми­е­ра и ки­но ди­стри­бу­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја до кра­јот на го­ди­на­ва, ве­ру­вам не­ка­де во но­ем­ври. Би­деј­ќи фил­мот е ко­про­дук­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја-Хр­ват­ска-Бу­га­ри­ја-Фран­ци­ја, под­др­жа­на од „Еу­ри­маж“, се­ко­ја зем­ја-ко­про­ду­цент има об­вр­ска да го ди­стри­бу­и­ра фил­мот во ки­но во сопс­тве­на­та зем­ја, па та­ка ве­ру­вам де­ка во на­ред­ни­те не­кол­ку ме­се­ци „Ла­зар“ ќе вле­зе и во ки­на­та во Па­риз, За­греб и Со­фи­ја, а по­тоа се на­де­вам и во не­ко­ја дру­га зем­ја. По­тоа сле­ду­ва те­ле­ви­зи­ска и ин­тер­нет­ска ди­стри­бу­ци­ја.

 

LAZAR-Svetozar-Ristovski-int159-3

 

Жи­ве­е­те во Ка­на­да ве­ќе ед­на де­ка­да. Ка­ко от­та­му гле­да­те на ма­ке­дон­ски­от филм и на ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја?

РИ­СТОВ­СКИ: Со тоа што сум во Ка­на­да, не­кои ра­бо­ти ми се мал­ку по­о­чиг­лед­ни. Ма­ке­дон­ски­от филм мо­ра­ме да го гле­да­ме ка­ко кул­ту­рен про­дукт, а не ка­ко па­за­рен. Ма­ке­до­ни­ја не­ма па­зар за филм. На­ша­та пуб­ли­ка не е тол­ку го­ле­ма за да се про­из­ве­ду­ва­ат фил­мо­ви­те па­зар­но, и ки­не­ма­то­гра­фи­ја­та да по­рас­не за­ра­ди тоа. На­ши­те те­ле­ви­зии, со чес­ни иск­лу­чо­ци, ни­ту ко­фи­нан­си­ра­ат, ни­ту отку­пу­ва­ат ма­ке­дон­ски фил­мо­ви. За свет­ски­от па­зар, на­ши­те фил­мо­ви се не­при­фат­ли­ви, нај­пр­во за­ра­ди ја­зи­кот, а по­тоа и за­ра­ди мно­гу дру­ги фа­кто­ри. Ре­тки­те фе­сти­вал­ски ус­пе­си го про­на­о­ѓа­ат сво­е­то ме­сто на ме­ѓу­на­род­ни­от па­зар, но тоа е ми­но­рен про­фит за да се гле­да фил­мот по­и­на­ку, освен ка­ко кул­ту­рен про­дукт. До­кол­ку се фо­ку­си­ра­ме на тоа да се про­из­ве­ду­ва­ат ква­ли­тет­ни фил­мо­ви, кои пред сè ќе би­дат умет­нич­ки сил­ни и уни­кат­ни, шан­са­та за ус­пех е мно­гу по­го­ле­ма, откол­ку да се оби­ду­ва­ме да ими­ти­ра­ме ко­мер­ци­ја­лен мо­дел од го­лем филм­ски па­зар.

 

Што им не­до­сти­га на ма­ке­дон­ски­те фил­мо­ви за да мо­же да ус­пе­ат на свет­ски­те па­за­ри?

РИ­СТОВ­СКИ: Прем­но­гу ра­бо­ти. Пред сè по­сто­јат два ге­не­рал­ни ти­па на свет­ски филм­ски па­зар: по­пу­ла­рен или та­ка­на­ре­чен мејн­стрим филм и умет­нич­ки филм. Мејн­стрим фил­мо­ви­те се пред сè хо­ли­вуд­ски блок­ба­сте­ри кои се про­из­вод на мно­гу го­ле­ма и ор­га­ни­зи­ра­на ин­ду­стри­ја и чи­нат од два­е­се­ти­на до две­сте ми­ли­о­ни до­ла­ри и по­ве­ќе. Ние со ни­што не мо­же­ме да се ква­ли­фи­ку­ва­ме на тој па­зар. За уте­ха, до­ду­ша, е де­ка ни­ед­на дру­га зем­ја освен Анг­ли­ја и мар­ги­нал­но Фран­ци­ја, не мо­же. Дру­ги­от па­зар е не­ко­мер­ци­јал­ни­от па­зар, кој,глав­но, се од­не­су­ва на фе­сти­вал­ска екс­по­зи­ци­ја и ли­ми­ти­ра­на ди­стри­бу­ци­ја. Овој па­зар, ако мо­же­ме во­оп­што да го на­ре­ку­ва­ме па­зар, е иск­лу­чи­тел­но те­жок, за­тоа што функ­ци­о­ни­ра по спро­тив­ни прин­ци­пи од мејн­стрим па­за­рот. Исто та­ка, би­деј­ќи мејн­стрим фил­мот е за­тво­рен по­ве­ќе-по­мал­ку за си­те дру­ги освен за Хо­ли­вуд, кон­ку­рен­ци­ја­та од Ки­на и Ру­си­ја, до Иран, Ар­ген­ти­на, Тур­ци­ја, Ро­ма­ни­ја и Тај­ланд е точ­но во овој мал ли­ми­ти­ран па­зар. Јас лич­но мис­лам де­ка до­кол­ку ма­ке­дон­ски­те фил­мо­ви има­ат го­лем умет­нич­ки ква­ли­тет и ка­па­ци­тет, то­гаш во све­тот на филм­ски­те фе­сти­ва­ли, и спе­ци­ја­ли­зи­ра­на ди­стри­бу­ци­ја мо­жат да се про­би­јат, но тре­ба мно­гу да се ра­бо­ти за тоа. На­ша­та филм­ска про­дук­ци­ја до ско­ро бе­ше ин­ци­дент­на. Мис­лам де­ка мо­ра да се соз­да­ва­ат ус­ло­ви за пра­ве­ње филм, исто та­ка мо­ра да се на­пра­ви мно­гу ри­го­роз­на нат­пре­ва­ру­вач­ка сре­ди­на ов­де кај нас, за да би­де ква­ли­тет­но тоа што се про­из­ве­ду­ва, за да мо­же да из­ле­зе над­вор од Ма­ке­до­ни­ја и да би­де ква­ли­те­тен ре­пре­зент.

 

LAZAR-Svetozar-Ristovski-int159-2

 

Да­ли умет­но­ста тре­ба да би­де ан­га­жи­ра­на?

РИ­СТОВ­СКИ: Ин­те­рес­но и комп­лекс­но пра­ша­ње. „ Да­ли тре­ба?…“ Мис­лам де­ка умет­но­ста е екс­пре­си­ја ко­ја се ме­ну­ва ка­ко што се ме­ну­ва ци­ви­ли­за­ци­ја­та и не сум си­гу­рен де­ка не­кој мо­же да знае „да­ли тре­ба“ и „ка­ко тре­ба“. Од ко­га по­стои умет­но­ста, умет­ни­ци­те се оби­ду­ва­ле да споз­на­ат не­кои уни­вер­зал­ни ви­сти­ни и има­ги­на­тив­но да ги иско­му­ни­ци­ра­ат низ раз­лич­ни ме­ди­у­ми. До­кол­ку реф­ле­кси­и­те од по­тра­га­та по споз­на­ние е ан­га­жи­ра­но, то­гаш и умет­но­ста е ан­га­жи­ра­на. Но то­гаш се ан­га­жи­ра­ни и ма­те­ма­ти­ка­та и фи­зи­ка­та, и та­ка на­та­му. До­кол­ку пак, ка­ко ан­га­жи­ра­ност се по­драз­би­ра по­ли­тич­ки, со­ци­ја­лен, еко­ном­ски или ка­ков би­ло друг кон­текст, то­гаш и не збо­ру­ва­ме за умет­ност, ту­ку за про­па­ган­да или за за­ба­ва, (по­пу­лар­но на­ре­че­на ен­тер­тејн­мент). Мно­гу че­сто, ко­га по­врш­но се тол­ку­ва ре­пре­зен­та­тив­на­та умет­ност, по­себ­но онаа од хри­сти­јан­ска Евро­па, од Ви­зан­ти­ја па сè до по­че­то­кот на мо­дер­низ­мот, иста­та мо­же да се про­тол­ку­ва ка­ко про­па­ганд­на есте­ти­ка и де­ко­ра­тив­но за­на­ет­чис­тво, ан­га­жи­ра­на да ја про­мо­ви­ра цр­ков­но-ари­сто­крат­ско-бур­жо­а­ска­та до­ми­на­ци­ја и идеи. Да му слу­жи и го про­мо­ви­ра ре­жи­мот. Не мно­гу по­и­на­ку од ко­му­ни­стич­ка­та про­па­ганд­на есте­ти­ка, или за­пад­на­та поп и пост­поп есте­ти­ка. Но, ко­га мал­ку под­ла­бо­ко ќе се заг­ле­да­ме во ви­стин­ски­те умет­нич­ки­те де­ла, ду­ри и не­кои цр­ков­ни ли­тур­гии, или ка­ко кон­траст, не­кои про­па­ганд­ни фил­мо­ви на Еј­зен­штајн, гле­да­ме де­ка одат мно­гу под­ла­бо­ко во по­тра­га по уни­вер­зал­на­та ви­сти­на од по­врш­ни­от ре­пре­зен­та­ти­твен на­ра­тив. Се на­де­вам де­ка ус­пе­ав на­кра­тко да го об­јас­нам мо­е­то гле­да­ње и мо­јот став по ова мно­гу комп­лекс­но пра­ша­ње, но за да би­дам уште по­ед­но­ста­вен и по­ја­сен, на крај са­мо би до­дал „Да­ли е Шекс­пир ан­га­жи­ран?“Ако е, то­гаш умет­но­ста тре­ба да би­де ан­га­жи­ра­на. Ако не е, то­гаш не тре­ба.

 

На кој нов про­ект ра­бо­ти­те се­га?

РИ­СТОВ­СКИ: Мо­јот нов про­ект ра­бот­но се ви­ка „Све­ќар­ка­та“. Сце­на­ри­о­то е на Грејс Лиа Тро­је, а про­е­ктот за­се­га го раз­ви­вам со фран­цу­ски­от ко­про­ду­цент од „Ла­зар“, Ги­јом де Сил. Прем­но­гу е ра­но да откри­вам де­та­ли за овој про­ект, но ве­ќе кон­ку­ри­рав­ме за под­др­шка во на­ша­та аген­ци­ја за филм, на­ско­ро ќе го прет­ста­ви­ме на се­ми­нар во Фран­ци­ја. Се на­де­вам де­ка ќе вле­зе­ме во про­дук­ци­ја до кра­јот на 2016 го­ди­на. Акти­вен и ка­ко про­ду­цент, и во пер­и­о­дов ра­бо­ти­ме на под­го­то­вки за сни­ма­ње на де­би­тант­ски­от филм на Ма­ри­ја Џи­џе­ва, „Жр­тва“ по сце­на­рио на Ог­нен Ге­ор­ги­ев­ски, за кој ве­ру­вам де­ка ве­ќе на­про­лет ќе за­поч­не­ме со про­дук­ци­ја.

 

Разговараше: Александра М. Бундалевска
(Интервјуто со Светозар Ристовски е објавено во 159. број на неделникот Република, 18.09.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top