| четврток, 6 декември 2018 |

Светозар Ристовски македонски претставник на „Producers on the move“ во Кан

Режисерот и продуцент Светозар Ристовски од продуцентската куќа „Small movies films“ годинава е избран како македонски претставник на „Produsers on the movie“ (15-18 мај) иницијатива на European Film Promotion што се одржува по 16-ти пат во склоп на Канскиот филмски фестивал…Програмата се одржува на годишно ниво и претставува збирно место на 20 најнадежни продуценти од ширум Европа кои добиваат можност да остварат контакти со филмски професионалци и потенцијална копродукциска соработка на актуелните проекти.

 

Четиридневниот настан на продуцентите им овозможува поголема експонираност и видливост и претставува простор за промоција и развој на европски филмски копродукции преку работилници, индивидуални состаноци, предавања и пичинг сесии каде имаат можност да ги презентираат своите тековни и идни проекти пред своите колеги од индустријата.

Светозар Ристовски е копродуцент на најновото остварување на Огњен Свиличќ, “Такви се правилата” кој својата премиера ја имаше во програмата Хоризонти на минатогодишното издание на Венецискиот филмски фестивал. Покрај копродукцијата со Огњен Свиличиќ, Светозр Ристовски се јавува во улога на продуцент, режисер и сценарист на долгометражниот проект “Лазар”, копродукција меѓу Македонија, Бугарија, Хрватска и Франција кој е во фаза на постпродукција и својата премиера се очекува да ја има летово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top