Невремето што попладнево го зафати Скопје, токму во сообраќајниот шпиц, направи хаос. Поројниот дожд поплави неколку улици, меѓу кои и една од црните точки во градот, подвозникот кај „Мавровка“.
Реки од дождот го оневозможија движењето и по Пластичарската улица (видео ОВДЕ).
Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилното време и влажната воздушна маса од Медитеранот ќе ја зафатат цела Македонија.
Во текот на ноќта се очекува процесите да бидат поинтензивни локално, со врнежи од над 25 литри на метар квадратен.
УХМР за наредните денови најавува променливо облачно време со посвежи утра и дневни температури во интервал од 18 до 26 степени.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.