| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавени неколку улици низ Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

12043091_10206458199626110_2316621212417643153_n

Невремето што попладнево го зафати Скопје, токму во сообраќајниот шпиц, направи хаос. Поројниот дожд поплави неколку улици, меѓу кои и една од црните точки во градот, подвозникот кај „Мавровка“.

12032933_10206458199866116_252614669742951929_n

 

Реки од дождот го оневозможија движењето и по Пластичарската улица (видео ОВДЕ).

Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилното време и  влажната воздушна маса од Медитеранот ќе ја зафатат цела Македонија.

12019977_10207608118706875_2904854944646261569_n

Автокоманда

 

Во текот на ноќта се очекува процесите да бидат поинтензивни локално, со врнежи од над 25 литри на метар квадратен.

УХМР за наредните денови најавува променливо облачно време со посвежи утра и дневни температури во интервал од 18 до 26 степени.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top