| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се десеттте најчисти градови на светот?

Канадскиот град Калгари е најчист град на планетата покажа истражувањето кое го спроведе консултантската компанија „Меркер Глобал“.

English_Bay,_Vancouver,_BC

Истражувањето е направено врз основа на пет фактори на хигиена – достапноста и питкоста на водата, фрлање на сметот, квалитетот на канализацискиот систем, загаденоста на воздухот и сообраќајниот метеж.

Во Калгари може да бидете казнети со парична казна од дури 1000 долари ако на тротоар фрлите цигара или фрлите смет преку прозорецот од автомобилот, што имало навистина позитивно влијание на развојот на градот. Меѓутоа, овој канадски град се нашол на врвот на листата пред се поради грижата на неговите власти за животната средина, т.е. со успешни програми за заштита на природата.

На второ место се најде австралискиот град Аделаида, па следат Хонолулу на Хаваите, американскиот Минеаполис, јапонскиот Кобе, потоа Копенхаген, новозеландскиот Велингтон, Хелсинки, Осло и Фрајбург.

Интересно, како фактор за хигиена не е земено предвид дали на улиците има отпадоци, иако тоа инаку се смета за најголем показател за (не)чистотата на еден град.

Иако не се најде на оваа листа, Сингапур заслужи да се наведе, во него фрлањето на смет на тротоар се казнува со парична казна од 750 долари, ако тоа го правите првпат, а секогаш кога тоа ќе го повторите, ќе мора да платите и до 3.700 долари.

Дури, ако некој три пати е казнет поради неправилно фрлање на смет, може да биде осуден да носи табла со натпис „Јас фрлав смет“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top