Актуелниот шампион на Македонија Вардар по подобро изведување на пеналите успеа да слави над градскиот ривал и освојувач на купот на Македонија, Работнички во Суперкупот на нашата држава.
Во пенал-рулетот јунак за „црвено-црните“ беше голманот Гачевски кој успеа да одбрани два пенала и со 4-3 во серијата да го одведе својот тим до вториот трофеј во Суперкупот на Македонија.
Тренерите на двете екипи, Седловски и Ангеловски излегоа на арената „Филип Втори“ со комбинирани состави штедејчи ги дел од првотимците за првенствениот натпревар меѓу овие две екипи веќе в недела.
Натпреварот не ги оправда очекувањата на присутните на стадионот иако видоа два гола во двете полувремиња.
Вардар поведе со голот на Филип Ивановски во 11 минута, а капитенот на „романтичарите“ го израмни резултат на самиот старт од второто полувреме.
До крајот на натпреварот и во продолженијата од 2×15 минути двете екипи се задоволуваа само со шутеви од далечина повеќе мислејќи на својот отколку на противничкиот гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.