Грчкиот претседател Прокопос Павлопулос денеска на лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас ќе му врачи мандат за формирање нова влада на Грција, соопштија извори во претседателскиот кабинет во Атина.
– Доколку Ципрас веќе има подготвена влада, не е исклучено таа да положи заклетва уште вечерва или утре изутрина – изјавија истите извори.
СИРИЗА вчера победи на вонредните парламентрани избори во Грција, освојувајќи речиси 35 отсто од гласовите.
Ципрас уште синоќа соопшти дека СИРИЗА повторно ќе формира влада со партијата Независни Грци. Двете партии заедно имаат 155 места во 300-члениот грчки Парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.