Ракометарите на Работнички стартуваа со победа во новиот шампионат откако синоќа како домаќини го победија Охрид со 30:24. На стартот од дуелот водеа гостите со 4:1, но Работнички со серија од 5:1 го презеде водството и на полувремето замина со предност од 14:11.
Предводени од македонските репрезентативци браќата Маркоски, Мите Стоилов и Златко Мојсоски како и од Вања Илиќ Работнички имаше водство од 19:12, кое го зачува до крајот на дуелот. Илиќ со 13 голови беше најефикасен на натпреварот, додека кај Охрид Мите Караиванов постигна 8 голови.
Првото коло во ВИП Суперлигата продолжува со денешениот натпревар помеѓу Прилеп и Пелистер (почеток 19 часот), а за недела се предвидени уште два дуела: ГРК Борец – Металург 2 и Пролет – Радовиш. Колото се комплетира со натпреварот во среда помеѓу Вардар Јуниор и Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.