Турново и Металург ја продолжуваат трката за титулата по победите во 23. коло од македонскиот фудбалски шампионат. Вардар останува лидер пред вечерашниот последен натпревар од оваа рунда против Работнички. Дрита направи сензација во Кичево и славеше против Напредок, а Шкендија и Ренова во Тетово ги победија Тетекс, односно Силекс.
Во Турново се беше во знакот на презимето Блажевски, а домаќините беа поуспешни против Брегалница и славеа со 2-1. Репрезентативецот Дејан Блажевски со два гола беше најзаслужен за успехот на домаќините, а почесниот погодок за гостите од Штип го даде Томислав Блажевски.
Металург со 1-0 го победи Пелистер со голот на Миле Крстев во 81. минута, а единствената победа нагости ја забележа Дрита против Напредок во Кичево. Нухии и Барач погодија по еднаш, а почесниот гол за Напредок го даде Вренцоски.
Резултати, 23. коло: Ренова – Тетекс 3-1, Турново – Брегалница 2-1, Металург – Пелистер 1-0, Напредок – Дрита 1-2, Шкендија – Силекс 3-0. Вардар и Работнички играат од 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


