По сеидбата, температурата треба да се одржува од 23 до 25 Целзиусови степени, а ноќната температура треба да се движи од 16 до 18 степени. За нормален развој потребно е температурата на почвата да биде од 20 до 22 степена. Модриот патлиџан се произведува исклучително со расад. Начинот на производство на расадот е многу сличен со производството на расад од пиперка, а се расадува кога добро ќе се формираат котиледоните или првите листови.
Садењето на расадот на постојано место се прави кога ќе поминат 50-60 дена и се сади на растојание од 60 до 70 сантиметри на 40 до 50 сантиметри, што зависи од бујноста и од сортата на модриот патлиџан. Многу тешко се вкоренува и затоа првото окопување е по 20-30 дена. Во текот на вегетацијата се окопува два до три пати. До приодот на формирање на плодовите почесто се наводнува, а во фаза на растење и на зреење на плодот наводнувањето мора да биде на секои пет до седум дена со поголемо количество вода.
Модриот патлиџан во Македонија се одгледува на мали површини за потребите на преработувачката индустрија и на домаќинствата. Потекнува од Индија, се одгледува во цел свет на површина од околу два милиона хектари, додека најголем производител на модар патлиџан е Кина, но се одгледува и во Индија, Египет, Турција, Њу Џерси (САД), а се смета дека во Европа го донеле Арапите меѓу 6 и 7 век.
Плодот по форма може да биде топчест, јајцевиден или како круша, а тежината му е од половина килограм до еден килограм. Модриот патлиџан е нискокалоричен, односно содржи 30 калории, минералите калциум, натриум и калиум, вода 92,7 отсто, протеини 1,1 отсто, јаглехидрати 5,7 отсто, мали количества витамин Ц, витамин Б, траги од сапонин и други алкалоиди.
Модриот патлиџан изобилува со антиоксидансите антоцијан, насунинон и флавонин. Во кулинарството најмногу се цени неговиот карактеристичен вкус и со него може да се приготват многубројни карактеристични јадења.
Плодот се бере во технолошка зрелост, кога по боја е виолетов, со сјајна лушпа и е многу цврст. Старите плодови, кои се меки, овенати и со темна боја, не се за употреба бидејќи содржат големо количество од алкалоидот соланин, кој предизвикува проблеми со варењето на храната, а со варењето на патлиџанот на повисока температура, количеството на соланинот се намалува дури за 50 отсто. Модриот патлиџан дејствува антиалергиски, се консумира против воспаленија и содржи антиканцерогени материи, а антиоксидансите, пак, ги чуваат клетките од оштетување и пропаѓање.
Бербата на модриот патлиџан, без оглед на местото на производство, почнува за 60 до 70 дена. Приносот се движи од 50 до 80 т/ха што зависи од сортата и од должината на вегетацијата и на развивањето и зреењето на плодот. Плодовите се чуваат на собна температура од пет до седум дена, а на температура до пет Целзиусови степени издржуваат и неколку недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности