Во Европската унија во текот на првите шест месеци од годината пристигнале над 210.000 азиланти, што е 85 отсто повеќе отколку во истиот период од минатата година, соопшти денеска европската статистичка служба Евростат.
Една третина од азилантите дошле од Сирија и Авганистан, а интересно е дека државјаните на Албанија и Косово сочинуваат вкупно 13 отсто од азилнатите, што е повеќе отколку од Ирак и Еритреја заедно, утврди Евростат.
Апсолутно најголем број барања за азил се прерадени во Германија, додека Унгарија е на прво место ако се смета според бројот на населенето, наведува европската статистичка служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.