Вечерва во 21 часот на терасата на покривот од катната гаража „Македонска фаланга“ во Скопје ќе се одржи втората по ред изложба со избор на објавени фотографии на Инстаграм снимени од Слободанка Тренчева – Боте, (#botovacha).
Со претставување на автентични, егзотични фотографии направени со мобилен телефон, ќе се долови секојдневието на обичниот корисник од Инстаграм, една од најпознатите социјални мрежи за споделување на фотографии.
„И повторно, Боте прикажува како масовната визуелна култура зацвсрстува одредени репрезентации и типови на карактери во нашата колективна свест“, истакнува Антони Мазневски, академски сликар и куратор на овој несекојдневен и интересен артистички настан.
За дополнување на #instacool атмосферата со музички перформанс ќе се погрижат DJ Зоки Бејбе и DJ Вишко. Сите урбани македонски ликови и посетители на инстаграм профилот на #botovacha ќе бидат дел од оваа уникатна изложба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.