| четврток, 6 декември 2018 |

Темелно ќе се реконструираат пет болници и ќе се гради нова во Штип

grujo2

Со средства во висина од околу 40 милиони евра во текот на наредниот период треба да почне изградбата на Клиничката болница во Штип и да почнат темелни реконструкции на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, на болниците во Битола и во Прилеп, на Клиничката болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, а веќе е почната реконструкцијата на болницата во Кичево.

– Тие значително ќе ја подобрат инфраструктурата на болниците во Република Македонија. Се работи за инвестиција од околу 40 милиони евра, која ќе се заврши во наредната година – изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето на камен-темелникот за изградба на нова спортска сала во Домот за деца без родители „11 Октомври“.

Реконструкцијата на петте и изградбата на нова болница во Штип треба да почнат до крајот на годината и да завршат за период од околу една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top