Убедливо најдобриот кошаркар на Шпанија, а и на Евробаскетот во досегашниот дел од шампионатот, По Гасол не се предава и ветува голема борба во првиот полуфинален натпревар против фаворизираната Франција.
НБА ѕвездата на „црвената фурија“, оптимистички го очекува полуфиналниот дуел потенцирајќи дека екипата има шампионско срце кое, верува, може да ги одведе до финалето.
– Горд сум на својот тим, останавме силни до крајот и покажавме шампионско срце. Одиме чекор по чекор, следува полуфиналето во кое, без разлика што не чека Франција влегуваме со огромен мотив повторно да славиме и да стигнеме до финалето. Еден од клучните моменти и во полуфиналната пресметка треба да биде нашата одбрана која претходно се покажа клучна и за триумфот над Грците – вели Гасол.
Натпреварот против Франција започнува вечерва во 21 часот.
Во второто полуфиналето на Евробаскетот 2015 ќе се сретнат селекциите на Србија и Литванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.