Македонија има талентирани момчиња за фудбал, а потврда е победата на јуниорите против Босна и Херцеговина со 4-1.
Избраниците на селекторот Горан Станиќ прикажаа одлична игра и со голот на Кочовски во 21. минута најавија победа во пријателскиот меч со БиХ.
Хериќ израмни со гол од пенал, а во вториот дел македонските репрезентативци беа убедливи и со головите на Здравковски, Абаз и Петковски славеа со 4-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.