Кошаркарска класика станаа дуелите меѓу двата големи ривали Шпанија и Франција на големите натпреварувања. Вечерва во Ли од 21 часот двете селекции ќе играат меѓусебе во првото полуфинале на Евробаскетот.
Утре во втората полуфинална пресметка Србија и Литванија ќе играат за пласман во самата завршница.
Шпанија и Франција го развија ривалитетот во кошарката до највисоки граници во последните десетина години.
„Црвената фурија“ имаше повеќе успех ги победи „триколорите“ во четвртфиналето на Еп во 2009, во мечот за златото две години подоцна и во олимпиското четвртфинале во Лондон пред 3 години. Потоа дојде редот на Французите, кои славеа победи на последните два меча. Тие беа подобри од Шпанците во полуфиналето на претходното ЕП во Словенија, а потоа и лани беа поуспешни во четвртфиналното дерби на СП.
Победникот вечерва во Лил ќе си обезбеди финале на Евробаскетот и сигурен настап на следните Олимписки Игри во Рио Де Жанеиро 2016.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.