| четврток, 6 декември 2018 |

Популарниот актер Бруно Ганц на прошетка по Широк сокак

Популарниот актер Бруно Ганц, добитникот на Специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност, пристигна во Битола, каде што утре вечер, 18 септември, почнува 36. издание на Интернационалниот фествал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Ганц, со директорот на фестивалот Димитар Николов, неговата сопруга Кристина Христова-Николова и со режисерот Митко Панов, член на меѓународното жири на Официјалната програма на фестивалот, се прошетаа по Широк сокак.

bruno ganc2

Големиот актер пристигна во Битола вчера, откако претходно заедно со
домаќините ја посети винарската визба „Тиквеш“.

Скромниот и тивок гостин изрази желба што понеформално и без помпезност да ги помине деновите дури престојува во Битола и во Македонија и е одушевен од пречекот на организаторите на фестивалот.
Наградата ќе му биде врачена утревечер, на свеченото отворање на фестивалот.

Фестивалот се отвора со светска и македонска премиера на филмот „Лазар“, чијшто режисер е Македонецот Светозар Ристовски. Дел од авторската и актерската екипа ќе бидат гости на Фестивалот.

bruno ganc1

Освен Ганц, добитник на Специјалната „Златна камера 300“ е и рускиот актер Алексеј Серебрјаков.

Фото: Коста Дупчинов

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top