Со посета и положување свежо свеќе на гробот на Милтон Манаки на Влашките гробишта во Битола продолжи традицијата со која ИФФК „Браќа Манаки“,  присутните фестивалски гости и градот им оддаваат почит на првите сниматели на Балканот – браќата Манаки.

„Благодариме за грижата со која се однесувате кон овој споменик на културата“, рече Гена Теодосиевска обраќајќи се кон претставниците на влашката заедница, и додаде: „бидејќи мислам дека браќата Манаки имале некакво претчувство дека нивната активност еден ден ќе има некаква вредност, дека некои идни генерации ќе ја земат предвид и ќе знаат да ја почитуваат. Тоа се случува денеска, со нашата посета на нивното вечно почивалиште“, рече директорката на фестивалот Гена Теодосиевска.

Прогодна реч одржа и Најџел Волтерс, кој веќе 12 години доаѓа во Битола и е вистински пријател и партнер на фестивалот „Браќа Манаки“: