Популарниот актер Бруно Ганц, добитникот на Специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност, пристигна во Битола, каде што утре вечер, 18 септември, почнува 36. издание на Интернационалниот фествал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Ганц, со директорот на фестивалот Димитар Николов, неговата сопруга Кристина Христова-Николова и со режисерот Митко Панов, член на меѓународното жири на Официјалната програма на фестивалот, се прошетаа по Широк сокак.
Големиот актер пристигна во Битола вчера, откако претходно заедно со
домаќините ја посети винарската визба „Тиквеш“.
Скромниот и тивок гостин изрази желба што понеформално и без помпезност да ги помине деновите дури престојува во Битола и во Македонија и е одушевен од пречекот на организаторите на фестивалот.
Наградата ќе му биде врачена утревечер, на свеченото отворање на фестивалот.
Фестивалот се отвора со светска и македонска премиера на филмот „Лазар“, чијшто режисер е Македонецот Светозар Ристовски. Дел од авторската и актерската екипа ќе бидат гости на Фестивалот.
Освен Ганц, добитник на Специјалната „Златна камера 300“ е и рускиот актер Алексеј Серебрјаков.
Фото: Коста Дупчинов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки