| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Кучињата“ на Сергеј Андреевски во Руската национална библиотека

Во изложбениот центар на Руската национална библиотека за меѓународна литература во Москва од 18 септември до 18 октомври ќе биде поставена изложбата „Кучињата“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски.

Тој најави дека изложбата ја посветува на големиот руски и светски поет Сергеј Есењин (по кого впрочем и го добил името). Воедно,  2015-та е година на литературата во Русија, но и серуско чествување на 120 годишнината од раѓањето на поетот.

Посетителите ќе имаат можност да видат 42 дела, слики на платно и хартија, сите од најновиот цилкус на авторот посветен на кучињата, а инспириран од легендарната есењинова „Песна за кучката“.

Организатор на изложбата е Македонскиот културен центар во Москва, а проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Сергеј Андреевски досега имал над 60 самостојни изложби реализирани ширум светот, но за прв пат изложува во Руската Федерација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top