| четврток, 6 декември 2018 |

„Скопје креатива“ повторно ќе го разбранува креативниот дух на градот!

Фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива” во петте фестивалски денови, од 16 до 20 септември повторно ќе го разбранува креативниот дух на градот. „Скопје креатива” е фестивал за кретивни индустрии кој се организира во главниот град на Македонија, а има една единствена цел: поттикнување и развој на културно-креативната индустрија во Скопје и во Македонија. „Скопје креатива” на пошироката јавност ќе им понуди најразлични идејни решенија кои се совршен спој на уметничкото, културното творештво и на индустријата. Преку фестивалот на креативноста „Скопје креатива” во најразлични изложбените простори, уметниците и сите граѓани на Град Скопје, ќе бидат сведоци на фактот дека уметничкото творештво не е само општа идеја, туку дека таа е и производ кој носи заработувачка. Таа заработувачка е важна, не само за авторот, туку и за градот, а најважно, и за државата. Креативата е плодотворна индустрија која носи бенефити за буџетот на градот и на државата. Во светот креативната индустрија носи големи бенефити за развиените општества. Скопје и Македонија имаат потенцијал, кој не доволно е искористен. „Скопје креатива” ја имаа токму таа цел: да го поттикне уметничкото творештво во насока на индустрија.

Под мотото „Скопје – мојот град!“, во рамките на фестивалот, кој годинава ќе се одржи на Плаја виста, ќе можете да посетите презентации, предавања, работилници, панел-дискусии, форуми/дебати, како и да учествувате на настаните од категориите: филмски и видеоперформанси, театар.

Изложбите на „Училиштето за визуелни уметности“ од Њујорк, „Тирана Архитекчер вик“  од Албанија, „Институтот за мода“ на Изет Цури, презентациите и работилниците на Јан Бајтлик од Полска, Борут Вилд од Србија, Ласко Џуровски, Марија Ветероска и панел-дискусиите на повеќе интересни теми се само дел од огромната програма во која ќе уживате оваа година.

Секој вечер од 20 часот ќе може да уживате во специјално одбраната музичка селекција предводена од извонредните Канда Коџа и Небојша од Србија.

Скопје креатива не ги заборава најмалите – работилници за развивање на креативноста кај дечињата се дел од нашата програма.

Фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“ 2015 ќе понуди иновативен концепт на културната сцена со различен пристап во размената на искуство.

Целосната програма на овогодинешниот фестивал може да ја погледнете на http://skopjekreativa.mk/wp-content/uploads/2015/09/SKK15-programa.pdf

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top