| четврток, 6 декември 2018 |

Дванаесетти по ред оштетен автомобил во Грција годинава

Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Грција.

Вчера на ГП „Богородица“,  Ј.Ч. од Скопје пријавил дека на 6 септември во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот багаж со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите „SLAV“. Случајот не бил пријавен во грчката полиција.

Ова е дванаесетти случај во оваа туристичка сезона каде што се оштетуваат возила на македонски државјани кои летуваат во Грција, а регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top