| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки цариник оштетил македонско возило

Скопјанецот С.И. вчера на граничниот премин „Богородица“ пријавил оштетување на возило во соседна Грција. Станува збор за оштетување на товарно моторно возило марка „ERF EC 11“ со полуприколка во Солун.

Имено, додека С.И. службено бил во солунското пристаниште со товарното моторно возило, во текот на извршувањето на царинските формалности од страна на цариник при грчката царина со син спреј била испрскана задната регистарска табличка на полуприколката пришто целосно била покриена ознаката “МК“.

Настанот не е пријавен во грчката полиција.

Инаку во текот на годинава на ГП „Богородица“ досега се евидентирани 14 случаи на оштетување на возила или регистарски таблички сопственост на наши државјани што биле во соседна Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top