Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Грција.
Вчера на ГП „Богородица“, Ј.Ч. од Скопје пријавил дека на 6 септември во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот багаж со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите „SLAV“. Случајот не бил пријавен во грчката полиција.
Ова е дванаесетти случај во оваа туристичка сезона каде што се оштетуваат возила на македонски државјани кои летуваат во Грција, а регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.