| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден случај на оштетено возило на македонски турист во Грција

bogorodica granica

Македонската гранична полиција евидентираше нов случај на оштетување возило, кој е пријавен од страна на македонски државјанин кој престојувал во Грција, со што бројот на вакви инциденти летово се искачи на 57.

Имено, вчера на граничниот премин „Богородица“, Д.А. од Виница, кој управувал со патничко моторно возило „пежо“, со струмички регистарски ознаки, пријавил дека во местото Калитеа му била изгребана левата страна од возилото по целата должина. Оштетувањето не било пријавено во грчката полиција.

Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција биле регистрирани вкупно 57 оштетувања на возила и одземања регистарски ознаки. Од пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, 40 се кражби на регистарски таблички, од кои во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички. Во однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега порасна на 17 случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top