| четврток, 6 декември 2018 |

Сите се виновни само тој не, Мурињо со пцовки кон менаџерот на Евертон

Everton v Chelsea, Great Britain - 12 Sep 2015

Лошиот старт на сезона за актуелниот шампион во Англија, го извадија од колосек и менаџерот Жозе Мурињо кој се повеќе неможе да се котролира и прави непромислени потези.
По петте одиграни кола во Премиер лигата „сините“ се наоѓаат на 17.место со само четири освоени бода со заостаток од лидерот Манчестер Сити од цели 11 бодови кој има 100 процентен успех во новата сезона.
По немилите сцени со првиот доктор на екипата Ева Карнеиро, Мурињо влезе во конфликт со половина тим кој го напаѓа за незалагањата на теренот, а пред само неколку месеци не бираше зборови за пофалба за тие исти фудбалери кои супериорно ја освоија титулата.
Нов инцидент се случил по натпреварот со Евртон кој го загуби Челси со 3-1 кога двата менаџера на тимовите требаше да дадат интервију. На Мурињо не му се допаднало што треба втор да дава изјава.

– Да ми кажеш следниот пат кога сакаш да бидеш прв – нервозно му рекол Мурињо на Мартинез.

– Но, тоа не зависи од мене, телевизијата одлучува – одговорил менаџерот на Евертон по што проследила пцовка од противничкиот менаџер.

Наводно, на Мурињо не му се допаднал редот бидејќи неговиот тим требал да се враќа во Челси иако е јасно дека една минута нема да смени ништо бидејќи фудбалерите треба да се средат по натпреварот. За неговиот се поголем бес доказ е и прекинатото интервју пред истиот меч кога новинарот го прашал за интересот за фудбалерот на Евертон, Џон Стоунс кој беше една од целите на Челси во летниот преоден рок.

Идниот викенд Челси на домашен терен и со нарушена атмосфера го очекува дерби против Арсенал. Британските медиуми тврдат дека во случај на нов неуспех нема да биде чудо ако на Жозе Мурињо му се повтори 2007 година и добие отказ во овој период од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top