| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ го освои Отвореното првенство на САД

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, победи на Отвореното првенство на САД, откако во финалето ноќеска го совлада вториот играч на светот, Рожер Федерер со 3:1 во сетови (6:4; 5:7; 6:4; 6:4). Со оваа победа српскиот тенисер стигна до втората титула освоена во Њујорк (првата во 2011).

Дуелот подобро го почна Ѓоковиќ кој оствари водство, а потоа Федерер кој го крена нивото на игра и успеа да изедначи на 1:1 во сетови. Во третиот и во четвртиот сет повторно нијани решаваа за подобриот, во овој случај Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ по 10. пат освои Грен слем титула, а оваа година играше во финалето на сите четири Грен слем турнири и победи во Мелбурн, Лондон и во Њујорк, а загуби само во Париз од Вавринка.

По триумфот, Ѓоковиќ изјави:
– Беше многу тежок меч. Знаев дека ќе биде агресивен и дека нивото на неговата игра нема да паѓа. Знаев дека мора да играм така за да го освојам овој пехар. Ова беше неверојатна вечер за мене.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top