| четврток, 6 декември 2018 |

Проектилот на Алаба, во топ-10 најбрзи голови во ЛШ (видео)

Давид Алаба даде гол против Јувентус, за само 25 секунди и се проби на 8. позиција, на листата од најбрзи погодоци во Лигата на шампионите. На Баерн, каде моментно игра Алаба, му припаѓа и најбрзиот гол во историјата. Го постигна Рој Макај, за само 10,12 секунди, против Реал Мадрид, во 2007 година. Зад него е напаѓачот на Валенсија, Жонас, со гол за 10,48 секунди, пред две сезони, против Баер Леверкузен. Еве ја листата на 10 најбрзи голови во ЛШ.

1. Рој Макај – Баерн (10,12 секунди против Реал Мадрид, во 2007)

2.  Жонас – Валенсија (10,48 секунди, против Баер Леверкузен, во 2011).

3. Жилберто Силва – Арсенал (20,07 секунди, против ПСВ Ајндховен, во 2002)

4. Дел Пјеро – Јувентус (20,12 секунди, против Манчестер јунајтед, во 2007)

5. Седорф – Милан (21,06 секунди, против Шалке 04, во 2005)

6. Алесандре Пато – Милан (24 секунди, против Барселона, во 2011)

7. Дејан Станковиќ – Интер (25 секунди, против Шалке 04, во 2011)

8. Давид Алаба – Баерн (25 секунди, против Јувентус, во 2013)

9. Бомбардо – Вилјем II (28,21 секунди, против Спарта Прага, во 1999) и

10. Алексудис – Панатинаикос (28, 46 секунди, против Олборг, во 1995)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top