Македонските ликовни уметници Гордана Хаџи-Николова Малашев, Кристина Битракова и бугарската сликарка Галина Николова, синоќа пред преполна галерија во КИЦ на Република Македонија во Софија, ја претставија својата заедничка ликовна концепција „Како Јас, а како Ти?”. Преку 50 дела работени во различни ликовни техники и во различни периоди од нивните ликовни опуси, предизвикаа голем интерес кај публиката во Софија, но и од многу други градови од Бугарија. Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Р. Македонија во Софија, а проектот беше поддржан од македонското Министерство за култура.
Ова беше петта заедничка македонско-бугарска ликовна концепција, која последниве неколку години беше иницирана и реализирана од нашиот Центар во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


