| четврток, 6 декември 2018 |

Лоша вест од Загреб, Војдан Стојановски ќе го пропушти натпреварот против Словенија!

vojdan stojanovski

 

Како што пренесува Спортмедиа од извори од Загреб, Војдан Стојановски дефинитивно нема да биде во можност да им помогне на своите соиграчи од репрезентацијата на утрешниот натпревар против Словенија.

Тој веднаш по натпреварот со Грузија во кој заработи тешка повреда на десното око, се упатил во клиничкиот центар во Загреб за да бидат направени лекарски прегледи. Од таму докторите костатирале дека Стојановски има арозија (гребнатинка) поради која препорачуваат пауза од седум дена. Еден од главните играчи на македонската репрезентација доби силен удар во окото на почетокот од второто полувреме на натпреварот против Грузија, по што остана на клупата до крајот на средбата.

Поради отсуството на Стојановски во утрешниот натпревар селекторот Србиновски има дополнителни главоболки по лошиот настап на денешниот дуел со Грузија и скратената ротација.

Утрешниот натпревар кој започнува во 15 часот е од голема важност на нашиот состав бидејќи со евентуална победа ќе избориме пласман во осминафиналето кое се игра во Лил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top